11.1 C
Прилеп
среда, 16 октомври, 2024
Пела Радио

За првата жена тренер на машка фудбалска екипа

Драгана Костова е фудбалерка, репрезентативка, а на прилепската фудбалската јавност и е позната како овогодишно засилување на ЖФК Деспина – Прилеп.
Но, таа од неодамна стана тренер и тоа не на женска, туку на машка сениорска екипа, на ФК Росома 83, од каде што е и таа, и е прва жена тренер во Македонија, можеби и  на Балканот на машка сениорска фудбалска екипа.
Без предрасуди и, надминувајќи ги сите стереотипи во фудбалот, каде одсекогаш во машкиот фудбал како непишано правило шеф на стручниот штаб  е маж,  Драгана Костова со своето 18 годишно фудбалско искуство и тренерска пратктика и  едукација,  застанува на чело на екипата и  „машки„  одлучи да се бори,   ФК  Росоман 83  оваа година да остани во Втората машка фудбалска лига, во конкуренција со “старите борци“ : ФК Победа, Брегалница,Тиквеш…
Првенство започнува 22-ри август, а екипата на ФК Росоман 83, иако дебитант во лигата оваа година, на чело со нивниот шеф на стручниот штаб, Драгана Костова,  не планира лесно да им ги подарува бодовите на екипи кои ќе играат во Втората фудбалска лига, а се со долгогодишно фудбалско искуство .

Како е да се биде жена -тренер на машка фудбласка екипа?

 

Драгана: Притисокот е доста голем.Прво потребно е да ја подготвиш екипата за втора лига, бидејќи не е исто да се биде тренер на младинска екипа-жени и на машка екипа,  која се натпреварува во втора фудбалска лига. Прво тренинзите се посилни, интензитетот на тренинзите е различен, но и мора да се признае мажите имаат подобра кондиција.

Бидјеќи, не го следев темелно машкиот мак фудбал,  морав најправин да видам со кои играчи располагам, да направам анализа на македонските машки фудбалски екипи, кои во оваа натпреварувчака сезона ќе се натпреваруваат во Втората фудбалска македонска лига, но требаше да се запознаам и со фондот на играчи со кои располага мојата екипа. Технички имаме доста добри играчи, но најмногу работев, изминатиот подготвителен период, на физичкиката подготвеност на играчите,  бидјеќи повисокиот ранг на натпреварување бара добра подготвеност.

 

Како прифатија фудбалерите жена да им биде тренер, бидјеќи во машкиот фудбалот таа позиција не е својствена за жена?

Драгана : Искрено, сите ме почитуваат како личност,но и како стручнак , бидјеќи  сум веќе 18 години во фудбалот, има одиграно доста натпревари, имам 100 натпревари одиграно само за Македонската женска фудбалска репрезентација. Знаат момците дека имам долгогодишно фудбалско искуство,имам посетувано доста семинари за тренери, имам А и Б тренерска лиценца, на дел од играчите на ФК Росоман 83 сум им била и индивидуален тренер  во минатиот период. И, нормално ја прифатија мојата тренерска улога. Ме почитуваат и ги исполнуваат зададените обврски на тренинг, без забелешки и приговори. Тие веруваат во мене и знаат дека заедно можеме да успееме во нашата цел.

Како ја донесе одлуката да бидеш и тренер и играч, со оглед што ти неодамана потпиша договор со  ЖФК Деспина-Прилеп и си едно од најголемите засилувања на тимот?

Драгана: Кога дојде понудата да бидам тренер на машката екипа не размислував долго. Прво сакав да и помогнам на екипата , бидејќи јас сум од Росоман и знам дека им треба човек со А тренерска лиценца и со фудбалско искуство. Но,  и онака јас со нив тренирав, додека не бев тренер, а тие се подготвуваа за бараж, и така ја одржував својата кондиција, бидјеќи ,пак, Росоман нема женска фудбалска екипа. На крај, кога ФК Росоман 83 влезе во Втората фудбалска лига немаше двоумење дали да станам тренер или не. Добив понуда, и, ја прифатив без размисување , бидејќи сакам во фидбалот да напредувам.

Екипата има поддршка од општината,  во Росоман има одлични услови за играње и тренирање фудбал, луѓето го сакаат фудбалот и има доста талентирани фудбалери. Во меѓувреме дојде и понудата од ЖФК Деспина и желбата за играње исто така надвладеа. Сега ќе ми биде напорно, бидјеќи во сабота ќе бидам  тренер, а во недела играч, но кога се сака нешто не е тешко! Јас сакам да учам од поискусните играчи , сакам да се надоградувам и сега го правам тоа, и како тренер. Сакам да работам и да стекнам искуство на тренер, а сега ми е драго што можат тоа да го потврдам. Јас сум прв женски тренер на машка екипа во Македонија, а можеби и на Баканот, но за мене во фудбалот нема машки женски – свет. Има само фудбал и квалитет!

 

Се гледаш ли како тренер во некоја друга машка фудбалска екипа?

Драгана: Јас сум навивач на Вардар и искрено би сакала некогаш да бидам тренер на ФК Вардар, а зошто да не и на ФК Победа, бидјеќи и двата клуба ми се драги .

 

Каде ја гледаш екипата на ФК Росоман 83 во оваа натпреварувачка сезона? Кои се твоите планови како шеф на стручниот штаб?

Драгана: Досега добор се подготвуваме. Одигравме неколку пријателски натпревари. Сите го очекуваме жребувањето, да видиме каква ќе ни биде табелата, па потоа да планираме. Првенството почнува на 22-ри  август .

Ние сме најмлада екипа и нашата цел е да останеме во лигата и да не дозволиме трите бода на домаше терен некој да ни ги земе. ФК Росоман после 30 години се враќа во Втора фудбалска лига и тоа за нас е мотив плус. Целата е да останеме во лигата, а не веднаш да отпаднеме во понизок ранг, каде и бевме. Ќе играме без притисок, бидјеќи нема што да изгубиме, растеретено. Ние не сме екипа која оваа година типува во горниот дел од табелата и тоа не ослободува од притисокот да нешто мораме.Целта ни е само да останеме во лигата.

Росман има многу млади талентирани фудбалери. Некои ги поминале сите фудбалски шоли, од пионери до младинци, некои играле за Пелистер, Вардар –Неготино, Тиквеш… и биле дел од сениорските екипи на големите клубови, така да сега сме и физички подготвени добро  и може со овој состав добро да настапиме во Втората фудбалска лига. Можеби дел од фудбалерите немаат доволно натпреварувачко искуство во овој ранг на натпреварување, но ние не отстапуваме од нашата цел и нема да бидеме лесен плен на искусните фудбалски тимови.

 

Кој екипа Ви е предизвик?

Драгана: Ние со сите ќе играме фудбал. Но, предизвик ни се Победа, Брегалница, Виница,Тиквеш, Кожува,..Но, како што реков, нема да се предадеме во битката за освојување на бодови. На секој натпревар ќе се обидеме да ги освоиме тие „три бода„ и да не бидеме во долниот дел од табелата.

 

Изигравте повеќе пријателски натпревари во овој подготвителен дел. Каква беше реакцијата на публиката? Каква беше  реакцијата на колегите – тренери кога ти ќе се појавеше на терен и кога  ќе видеа дека жена е шеф на стручниот штаб  на ФК Росоман 83?

Драгана:Поради вирусот и немаше публика на натпреварите или тоа беа  само неколку лица. Но,  тренерите на противничките екипи беа изненадени, бидјеќи досега машките екипи ги водел само мажи тренери, особено во Првата и Втората фудбалска  лига.Но, ќе мора да се навикнат на мене. Мојата тренерска улога не е лесна. Јас немам никакви предрасуди. За мене важи само квалитетот. Но, мораш да се едуцираш, за да докажеш дека и жената рамноправно може да биде добар тренер во “машкиот свет“ на фудбалот и дека тоа место не е определено и загарантирано само за мажите .УЕФА одамна налага да во светот на фудбалот имаме што повеќе жени, како играчи ,така и судии, но тренери. И, тоа  не само во женскиот фудбал,  туку тренери жени и на машки екипи. Јас се гледам тука и се пронаоѓам во тренерските води , па зошто еден ден не би ја добила можноста жена – тренер да биде  и на машките репрезентативни селекции, нели ?!

Дел ФОТО: Драгана Костова(фејсбук)

 

 

 

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

НА КЛУПАТА НА ПОБЕДА ПРЕД 60 ГОДИНИ СЕДНАЛ СЛАВНИОТ МОША МАРЈАНОВИЌ!

ДВАЈЦА ЗАМИНАТИ, ДВАЈЦА ДОЈДЕНИ ВО ПОБЕДА?

Гордана Цветаноска

По дебаклот на Победа, сепак не е се’ загубено!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе