1.4 C
Прилеп
сабота, 16 ноември, 2024
Пела Радио

Веќе кружиме на кружни кај Цепенков

Возачите веќе започнаа да „кружат“ околу кружниот во изградба, кај раскрсницата кај ЦК „Марко Цепенков “ ( на булевар Гоце Делчев и ул. Кузман Јосифоски).

Изградбата на кружниот тек го врши фирмата „Изофаст„ увоз-извоз ДОО Прилеп,  која го доби тендерот за овој градежен зафат, „тежок“ 5,4 милиони денари.

 

Предвидено е работите да завршат во рок од 4 месеци, со што ова ќе биде шестти кружен тек, кој како сообраќајно решение, го има Прилеп. А, планиран се и решенија за уште неколку “тесни сообраќајни грла“ во градот каде што се вкрстуваа бул. Гоце Делчев со ул. Војводинска (раскрсница кај нова автобуска), бул. Гоце Делчев со ул. Прилепски Бранители (раскрсница кај градска) и вкрстувањето на ул. Александар Македонски со ул. Димо Наредникот (раскрсницата кај населбата Димо Наредникот).

Во централното градско подрачје потребен ни е слободен и брз проток на сообрајќајот. Особено на оваа раскрсница кај Центарот за култура Марко Цепенков, што во моментов претставува „тесно грло“ и често сме сведоци на огромни колони, сообрајќаен метеж и нефункционалност на вертикалната сигнализација.“ објави на ФБ градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески на стартот на изградбата на кружниот пред ЦК Марко Цепенков, кон крајот на јануари.

Насловно фото: www.markukule.mk

Би можело да ве интересира

Се чисти депонијата кај Касарните

Елизабета Филипоска

Во Општина Прилеп средба со „Бехтел и Енка“ за Коридорот 10Д

Пела Редакција

На Светски ден за подигнување на свесноста за аутизмот 2ри Април, техничкиот министер во посета на “Ѕуница„ -Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе