18.5 C
Прилеп
четврток, 19 септември, 2024
Пела Радио

Во Прилеп гласаат болните и изнемоштени лица, штитеници во Домот за стари и затвореници во КПД

Своето право на глас денеска во Пилеп го остваруваат 455 болни и изнемоштени лица, 68 штитеници во Домот за стари „Киро Крстескески – Платник“ и 104 затвореници во Казнено поправниот дом. Во Домот за стари каде правото за глас го остваруваат 68 штитеници, гласањето почна навремено во 7 часот и се одвива непречено.

Навреме е подигнат избирачкиот материјал за гласање на болните и изнемоштени лица и на затворениците, потврдуваат од општинската изборна комисија. Во Домот за стари каде правото за глас го остваруваат 68 штитеници, гласањето почна навремено во 7 часот и се одвива непречено.  Бројот на штитеници кои денска гласаат е ист како и во првиот круг и се од 21 општина. Гласањето е навремено и без никакви проблеми, рече Магдалена Лазоска, претседателка на Избирачкиот одбор.

Во Прилеп во единствениот Избирачки список се запишани 62 169 избирачи за вториот круг на претседателските избори и 62 271 гласачи за парламентарните избори.

Утре ќе се гласа на 142 избирачки места.

Би можело да ве интересира

Вонредна временска прогноза не’ очекува нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Мајстор Лало наскоро главен мајстор во Авто Контрол

Гордана Цветаноска

Снегот го вклучи алармот во Општина Прилеп!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе