14.4 C
Прилеп
понеделник, 16 септември, 2024
Пела Радио

Палачинкијада: слатко задоволство за сите, а признанија за првенците на генерацијата

Традиционалната „Палачинкијада“ и годинава за крај на училиштната година се одржа во Прилеп. Годинава  локацијата за одржување на манифестацијата беше избрана Могилата на непобедените,  новиот детски парк. Над 1.200  палачинки како и лимонада беа за миг поделени и изедени од децата кои со радост го очекуваат овој настан.

„Со овој сладок настан го прогласуваме започнувањето на летниот распуст, каде сите дечиња полнејќи ги батериите ќе можат од септември да покажат повторно интерес и ќе ги исполнат училишните дворови. Палачинкијадата“ сакаме да прерасне во настан кој ќе не потсетува на важноста на заедништвото, пријателството и забавата“, рече Борче Ристески, градоначалник на Прилеп.

Манифестацијата покрај дружба со слатки палачинки и лимонада ги промовираше најдобрите ученици, првенците на генерацијата од основните и средните училишта во Прилеп кои се закитија со признанија.

 

Би можело да ве интересира

Голема порака од малите спортски игри со рециклирани тутунски материјали!

Гордана Цветаноска

Исчезна возрасно лице од Прилеп – семејството бара помош !

Пела Редакција

На протест приватните здравствени стоматолошки установи и доктори по дентална медицина

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе