Средношколскиот центар „Орде Чопела“ Прилеп е модерна и висококвалитетна образовна институција со оптимални услови за практицирање на теоретските знаења и развивање на креативноста кај учениците. Опремено со современа хемиска лаборатија, пекарница, пластеник и други нагледни средства за изведување на наставата СОУ „Орде Чопела“ грижливо ја чува и ја унапредува традицијата за квалитетно образование и продукција на кадри барани на пазарот на трудот.
Пет сектори од различни области, широка лепеза од занимања за идните професионалци во градежништво, геодезија, земјоделство, ветерина, очна оптика, здравствена струка, медицинско лабораторискo – санитарен техничар.
Училиштето соработува со голем број на компании, занаетчии, невладини организации при реализацијата на практичната настава, но и за остварување на воннаставните активности.
Програма „Радиото што се гледа“ збогатена со разговорите со професорите Билјана Апостолоска, професорка по хемија; Игор Галоски, професор по ветерина; Зорица Узуноска професор во геодетска струка; Јована Божиноска, ученичка во прва година техничар за очна оптика; Андреа Гагалеска, ученичка во трета година медицинско лабораториски санитарен техничар.