-2 C
Прилеп
недела, 24 ноември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО) Прилепска Пиварница со музички спектакл во центарот на Прилеп ќе го одбележи своето едновековно постоење

ДНК , Тропико Бенд и Марија Шерифовиќ со голем концерт ќе настапат утре на големата сцена во централното градско подрачје а со тоа Прилепската Пиварница ќе го одбележни јубилејот 100 години  од своето постоење. Ова е значаен јубилеј за една компанија која своите успеси ги “зачинува” со една ваква концертна забава под отворено небо , вистински спектакл со огромна бина со 3 лед монитори и се разбира со опрема  за сите потребни светлосни и звучни ефекти.

На денешната пресс конференција , генералниот директор Сашо Самарџиоски покрај тоа што ја најави оваа несекојдневна музичка јубилејна атракција , се заблагодари на сите граѓани , кои сите овие години се верни и лојални потрошувачи на производите од Прилепска Пиварница. Затоа ние постоиме заради нив и ќе продолжиме со исто темпо да работиме и да произведуваме високо квалитетни производи, да изненадуваме со нови производи, нови вкусови како и редовно со промотивни активности – истакна Самарџиоски-.

Присутните ќе имаат можност да се разладуваат со вкусовите на производите од Прилепска Пиварница на 12 поставени шанкови од каде ќе може да се купува и од останатите производи од портфолиото на Прилепската Пиварница.Во текот на утрешниот ден во целиот град , во сите угостителски објекти цените на домашните пива ќе бидат по роденденска цена од 50 денари, соковите 40 а водата по 30 денари.

 

Би можело да ве интересира

Ова се новите мерки кои ги донесе Владата против ширење на новиот бран

Гордана Цветаноска

Поставен камен-темелникот на автопатот Прилеп – Битола од Коридорот 10д

Без струја утре ќе останат жителите од девет прилепски улици

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе