30.5 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Осуденик од прилепскиот затвор измамен за 890 000 ден. дека ќе му ја намалат казната

Осуденик кој издржувал казна затвор во прилепската Kазнено-поправната установа Затвор вчера во ОВР Прилеп пријавил дека бил прелажан дека за 890.000 денари ќе му ја намалат затворската казна.

„На 21.04.2026 во 12:30 часот во ОВР Прилеп, осуденик од Kазнено-поправната установа Затвор Прилеп пријави дека бил измамен од К.К. за сума од 890.000 денари.  Според пријавеното, пред околу два месеци, K.K. го довел во заблуда дека ќе му помогне да му се намали затворската казна, a за возврат од него ги побарал и добил парите во неколку наврати. Но, откако сфатил дека бил измамен, настанот го пријавил во полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот,“ стои во полицискиот билтен на СВР Битола.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографија за Кореница од Јасмина Колеска Кузманоска

Прилеп: нема новозаразени со Ковид 19, во изолација 77 лица

ИН МЕМОРИАМ: Почина Ѓорѓи Кузмановски, човекот кој 11 години ја возеше велосипедската тура во чест на Денот на независноста на Македонија

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе