16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Секоја чест! Жителите на с. Гостиражни помогаа во гаснењето на шумскиот пожар

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 29 пожари , од кои 7 се се уште активни, меѓу кои и пожарот во Општина Долнени кај с.Небрегово каде гори нискостеблеста шума , а  кај с.Гостиражни, префрлен е пожар од с.Богомила, Општина Чашка каде што гори мешана шума и ниска вегетација. Но, жителите на Гостиражни, заедно со прилепските пожарникари, се бореа против пламените јазици кои ја зафатија нивната околина.
Со багер и лопати тие им помагаа на протипожарните прилепски екипи во гаснење на пожарот. И,токму ова нека послужи како пример, како заедно  сите треба да ја заштитуваме и чуваме околината и да помогаме кога ќе се појави пожар во околината –  истакнаа прилепските пожарникари и им се заблагодарија на жителите за нивниот придонес и голема помош при гаснењето:
Секоја им чест на мештаните од село Гостиражни како и на машинистот од Општина Долнени…вака се гаси пожар!“  напишаа денеска пожарникарите од ТППЕ – Прилеп.

ЦУК информира дека  во последното деноноќие изгаснати се 15 пожари на отворено , меѓу кои и два во пелгонискиот регион во Општина Прилеп кај  с. Дабница, каде гореше ниска вегетација, во Општина КРИВОГАШТАНИ кај с.Славеј   каде  ТППЕ гаснеше ниска вегетација и во Општина Крушево кај с. Алданци  каде исто така гореше ниска вегетација и стрниште.

Би можело да ве интересира

Општина Прилеп: „Во Прилеп од денеска до четврток , по втор пат, ќе се прска против комарци„

Пела Редакција

(ВИДЕО)Прилеп доби Центар за менаџирање со дебелината – прв во регионот

Концерт на КУД Дримкол од Вевчани пред Цепенков

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе