Денеска се одиграа натпреварите од вториот ден на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ .
Екипата на Куманово изгуби од српската екипа Врање со 35-25 и ќе разигрува за петтото место на турнирот, в недела од 11:00 часот. Врање, пак, утревечер во директен дуел против Охрид ќе реши кој тим ќе ја освои првата позиција во групата и ќе игра во финалниот натпревар.
Во другата група, домаќинот Прилеп го забележа вториот пораз, од Тиквеш со 28-26 и ќе игра за петтото место, в недела против Куманово. Екипата на Прилеп во првиот дел, во повеќе наврати водеше со плус два и ја имаше контролата на теренот, но со голот на Манасков од пенал, кавадарчани заминаа на пауза со предност, 12-11. Со слична игра продолжи и второто полувреме. Прилепчани одржуваа рамнотежа, а Тиквеш почна да се одлепува на плус два во последните десетина минути ,но и покрај напорите финишот им припадна на Тиквеш.
Утре, сабота, на третиот ден од турнирот се среќаваат:
ГРК Охрид – РК Врање (18, оо часот)
ГРК Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2 ( 20.00 часот)