7.8 C
Прилеп
среда, 2 април, 2025
Пела Радио

Алармантно: Гори мариовскиoт крај – итно заседава кризниот штаб

Поради големиот пожар кој во моментов е активен во областа Мариoво заседава кризниот во Прилеп на кој присуствуваше и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Во зависност од временските услови има можност да бидат загрозени селата во близина на пожарот, иако  професионалните пожарникари на ТППЕ Прилеп се присутни на терен потпомогнати  и од жителите од околните населени места.

Од неделата тимови на ТППЕ Прилеп се на терен во таа област, а вчера и денес поради големиот чад гаснењето со воздушна поддршка беше отежнато. Исто така ангажирани се и сите материјално-технички средства на јавните претпријатија од Општина Прилеп.

Во координација со соседните општини и нивните противпожарни единици обезбедена е поддршка од Битола, Кавадарци, Новаци, Могила и Ресен. Се бранат селата Бонче, Крушевица, Дуње, Пештани и Кален.

Во текот на утрешниот ден повторно ќе се активира воздушна поддршка од АРМ и ДЗС, ќе има и поддршка од 120 лица од кои 70 од АРМ, 20 од специјалните единици на МВР и 30 од Национални шуми.

Кризниот штаб ќе заседава и ќе биде во координација со единиците на терен сѐ додека пожарот не биде локализиран.

Би можело да ве интересира

Денска забава за помош на Виктор

Пела Редакција

За старт на учебната година првачињата добија подароци во Крушево

Гордана Цветаноска

За празникот 11-ти Октомври отворен „Участакот„ за сите граѓани

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе