18.5 C
Прилеп
четврток, 19 септември, 2024
Пела Радио

Почина фронтменот на “Рибља Чорба”

На 72-годишна возраст, по кратко боледување почина Бора Ѓорѓевиќ, познат како Бора Чорба, рок-музичар, пејач, поет, фронтменот на Рибља Чорба.

Почитувани пријатели, со тага ве известуваме дека нашиот пријател и брат, Борисав Бора Ѓорѓевиќ не напушти. Почивај во мир драг наш Боки“, стои во објавата на Рибља чорба на Фејсбук.
Тој почина во болницата во Љубљана каде што беше донесен поради тешко воспаление на белите дробови.
Рибља чорба претходно ги откажа сите настапи поради неговата здравствена состојба.
Бора Ѓорѓевиќ, попознат како Бора Чорба, е роден на 1 август 1952 година во Чачак, Србија. Најпознат е како основач, пејач и главен автор на рок групата Рибља чорба.

Првиот албум на Рибља чорба „Коска во грлото“ беше издаден во 1979 година, по што оваа група веднаш стана една од најважните на југословенската рок-сцена.

Би можело да ве интересира

28-ми Август – Успение на Пресвета Богородица која во себе ги соединува сонот, блаженството, мирот, спокојството и радоста

Елизабета Филипоска

Вистинска приказна на млада мајка со дијабет и важноста на исхраната- Светски ден на дијабетесот, 14 -ти ноември

Елизабета Филипоска

( ФОТО) Синоќа црковните хорови поставија вечер за паметење – понеделник Ламбе Алабаковски со концерт за доизградба на храмот Св.Петка

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе