1.4 C
Прилеп
сабота, 16 ноември, 2024
Пела Радио

(Видео) Ирена Стерјовска Локвенец: Пожарот во мариовско е под контрола и нема простор за паника и загриженост

Началникот на Кризниот штаб на Општина Прилеп,  Ирена Стерјовска Локвенец, денеска на прес конференција за пожарот што ја беснее во Мариово, истакна дека нема место за паника и загриженост кај населението. Моменто таа посочи дека има доволен број на обучени луѓе кои интервенираат во гаснењето.

Веќе неколку дена Кризниот штаб заседава континуирано каде што ги координираме активностите на терен со надлежните служби за интервенирање при пожар на отворено. Постојано сме и во комуникација со градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески кој со делегација е во работна посета на Шведска за насоки и примери за одржливо управување со отпадот на локално ниво, со кој се координираме за одлуките кои ги презема Кризниот штаб.

Моменталната состојба од терен говори дека критично е кај с. Крушевица, од два фронта. Таму е поголема противпожарна екипа, на која денеска им се придружи и Армијата со 50 луѓе, претставници од специјалните единици на полицијата, кои вложуваат натпросечни напори овој пожар да не слезе до селото и де не излезе од контрола. Синоќа констатиравме дека нема опасност од пожарот кај с. Пештани затоа што се движеше во друг правец, меѓутоа, ветрот го промени правецот на пожарот и таму веќе се лоцирани противпожарни екипи за безбедност на жителите, за да не стигне пожарот до селото. Пожари има и под репетиторите кои се наоѓаат кај с. Штавица, огнот кој што слегува надолу, за среќа, ја нема опфатено боровата шума. Но, тука се луѓето од ЈП Национални шуми и ТППЕ-Прилеп, како и од ТППЕ од нашите соседни градови и од другите градови на Македонија. Во оваа прилика сакам да изразам огромна благодарност за поддршката.Пожар има и над манастирот Прилепец, но манастирот не е загрозен и се следи состојбата. Вчера имавме хеликоптер и авион, а денеска имаме само еден авион, поради појава на пожар на друга локација во Македонија .Така одлучи ЦУК. Во моментов имаме на располагање 150 луѓе, ни помага Здружението од Битола „Архангел Михаел“ а денеска ќе се вклучи во делувањето и прилепското Здружение „Картуш“.

Нема простор за паника и загруженост, нема потреба од доброволци засега, затоа што потребни се професионалци на терен кои имаат соодветна опрема, а тука е и месното население кое помага. Што се однесува до амбиенталниот воздух изминативе денови, параметрите за квалитетот на воздухот е во рамките на нормалата и нема простор за загриженост“, – изјави Ирена Стерјовска Локвенец, началник на општинскит Кризен штаб.

Вчера, линијата на отворениот пожар изнесуваше 20 км. Денеска таа е зголемена на 25 км, а површината која е зафатена од  пожарот во Мариово надминува 8 000 хектари. Моментно не е зафатена боровата шума во мариовскио дел, а гори ниско стеблеста шума, која прави голем, густ чад што ја отежнува работата на терен и на пожарникаритем и на авиотните за водушната поддршка. Мариово е опфаено од пожар веќе неколку дена. Во гаснењето на пожарот се вклучени 200 професионалци.

Би можело да ве интересира

По 9 децении достојна почит и комеморација за д-р Атанас Коцарев, научникот кој работел со Марија Кири

Гордана Цветаноска

(ВИДЕО) Прилепчанецот Аџиоски кој живее во Швајцарија, со нова донација за македонското здравство, вредна 350.000 евра

Елизабета Филипоска

Чупетрески со инспиративен предизвик за Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе