7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Кривична пријава за крушевчанка за „несовесно работење во службата”

Kривична пријава против З.С.(59) од Крушево и правно лице од Крушево, поднесе Секторот за внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинителство Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата” казниво по член 279 од Кривичниот законик.
Имено, прво пријавената З.С., управител во второпријавеното правно лице, во периодот од 01.01.2019 до 30.06.2023 наплатените готовински средства од наплата за продажба на огревно дрво од физички лица, не ги внесувала на жиро сметка на пријавеното правно лице како дневен или неделен промет, со што книговодствено прикажала помал износ на ДДВ, односно помал платен персонален данок на добивка и данок на добивка, кои суми влијаат врз износот на обврските при поднесување на годишни завршни сметки.

На тој начин З.С. го оштетила Буџетот на РСМ  за сума од 1.362.225.00 денари.

Би можело да ве интересира

Полицијата казнила над 70 возачи за непочитување на пропишаната брзина

Гордана Цветаноска

Лишен од слобода 20 годишник од Прилеп, пронајдена дрога

Возило удрило во 81- годишен пешак и му нанел тешки телесни повреди

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе