20.2 C
Прилеп
среда, 8 јули, 2026
Пела Радио

Едни во Прилеп, друг во Кривогашани уапсени поради дрога

Вчера (24.10.2025) во 22:30 часот на бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода А.Ј.(28) и 17-годишна малолетничка, двајцата од Битола. При контрола и преглед во патничко возило „бмв” со битолски регистарски ознаки, кое го управувал А.Ј., а сопатник била малолетничката, пронајдени се грутчеста материја и марихуана.
Во ноќние часови, вчера ( 24.10.2025) во 21:00 часот на патот за манастирот „Трескавец“ во Прилеп, во близина на Градските гробишта во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Ф.А. од Прилеп затоа што кај него е пронајдена марихуана. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Полицијата делувала и во Кривогашани. Исто, во вечерните часови (24.10.2025)  во 21:50 часот во с.Кривогаштани, полициски службеници од полициски одделение Кривогаштани го лишија од слобода Б.М. од Прилеп затоа што кај него е пронајдена марихуана.
По документирање на настанот, против овие лица ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР – Битола

Би можело да ве интересира

20 годишник не запрел на знак на полиција и од прозорецот исфрлил кеса марихуана

Пела Редакција

Уште една „бурна“ ноќ во Прилеп – БМВ излетало од патот, опожарен Фолксваген Голф

Бегалец од прилепскиот затвор крадел во хотели

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе