6.2 C
Прилеп
среда, 4 декември, 2024
Пела Радио

Bозило заглавено во вода кај бензиската пумпа „Салида“, поплавени подруми – биланс од обилните дождови во Пелагонија

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека како резултат на обилните врнежи од снег и дожд што што го зафатија Пелагонискиот регион во последното деноноќие, преку бројот 112 во ЦУК се добиени голем број пријави за: прекини на електричната енергија како и оштетени бандери, 4 поплавени подрумски простории во куќи (3 во Битола и 1 во Кривогаштани), поплавен коловоз кај бензиската пумпа „Салида“ во Прилеп и за одрони на патните правци Прилеп-Битола, Прилеп-Кавадарци и Демир Хисар-Кичево.
Во текот на вчерашниот денот за санирање на овие проблеми на терен интервенираа екипи на: ЕВН, ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, јавните комунални претријатија од Битола и Прилеп, пожарникарите на територијалните противпожарни единици (ТППЕ) од Битола, од Прилеп и од Кривогаштани.
ТППЕ Прилеп, известува дека во текот на вчерашниот денот ималa 6 технички интервенции: една на извлекување на возило заглавено во вода кај бензиската пумпа „Салида“, четири на црпење на вода од поплавени подрумски простории и една на одстранување на падната бандера на патот Прилеп-Крушево.
Патниот правец од Битола до хотелот „Молика“ е прооден само со теренски возила, додека од 16.42 часот во прекин е патниот правец од Крушево за с.Пуста.
„По извршените контакти со одговорните лица од ЕЛС, Македонија Пат, МВР и останатите субјекти добиена е информација дека состојбата во најголем дел од Северозападниот регион е редовна. Регионалните патни правци се проодни и екипите од Македонија пат редовно вршат чистење и на коловозите. Снабдување со електрична енергија засега се одвива непрекинато без пријави за дефекти и прекини“ информираат од ЦУК:

Би можело да ве интересира

Петок неколку улици без струја

Донација на Пријателство

Гордана Цветаноска

Финалето на Пивофест со: The For, Кал бенд, Даниела Мартиновиќ и Cyrillic

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе