Со цел сузбивање на болеста африканската чума кај дивите свињи, Агенцијата за храна и ветеринарство објави во кои ловишта во Македонија е потврден болеста африканска чума каj дивите свињите. Тука се наведени 59 ловиштата за крупен дивеч во Македонија, меѓу кои во околината на Пелагонија ловиштата: Ниџе, Облаково – Битола, Рожден – Кавадарци, Добра Вода – Кичево, Тајммиште, Стровија- Прилеп итн, 20 ловишта за ситен дивеч каде болеста африканска чума кај свињите е потврдена.
Врз основа на епидемиолошките состојби и лабораториските наоди добиени од Националниот институт за храна и ветеринарство новопотврдени ловишта за болеста африканска чума каj дивите свињите се ловиштето Кубринова – Општина Ресен и ловиште Дебарца-Општина Дебарца.
„Вирусот на африканската чума е болест која се пренесува само кај свињите, односно од неа заболуваат само дивите и домашните свињи. Болеста не е опасна и не се пренесува на луѓето, но тие можат да бидат нејзини преносители“, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство
Доколку се биде пронајдена угината дива свиња, од Агенцијата за храна и ветеринарство замолуваат тоа да биде пријавено заради сузбивање на оваа болст кај дивите свињи.