4.9 C
Прилеп
среда, 5 февруари, 2025
Пела Радио

(ВИДЕО)Тошеска: услугата „Помош и нега во домот“ станува дел од системот за социјална заштита

Здружението Центар за развој и едукација склучи управни договори со градоначалниците од трите општини Прилеп, Долнени и Кривогаштани за обезбедување и унапредување на услугата „Помош и нега во домот“. Иницијативата се спроведува со поддршка на Министерството за социјална политика, демографија и млади, и со тоа оваа услуга ќе дел од македонскиот систем за социјална заштита. Идејата најпрво се реализираше како проект 2023/24 година вели Марина Тошеска, претседателка на Здружението Центар за развој и едукација.

Започнавме како проект 2023/24 година веќе го потпишавме првиот управен договор со Министерството за труд и социјална политика и задоволство ми е денес да споделам дека за 2025 та година преку Министерството за социјална политика, демографија и млади обезбедени се финансиски средства за оваа услуга да биде достапна заради тоа што се препознаени позитивните придобивки за корисниците, нивните семејства, меѓутоа и за негувателите кои што се вклучени во економија на грижа и секако за самите општини Прилеп, Кривогаштани и Долнени кои што се дел од оваа иницијатива и ја имаат оваа услуга,“ вели Тошеска.

Минатата недела група од претставници од трите општини: тројцата градоначалници, од општините, директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Прилеп под чија надлежност е регионалната социјална заштита, претставници од Министерството за социјална политика и млади и од Здружението Центар за развој и едукација, оствари студиска – работна посета на Австрија каде се запознаа како функционира таму услугата „Помош и нега во домот“.

-„ Она што е во наш фокус во рамките на релевантните стејкхолдери остануваат социјалните услуги и развој на социјалните услуги, следење на квалитетот и унапредувањето. Оваа студиска посета значи многу за нас, бидејќи е едно искуство и воедно можност да видеме добри практики од Република Австрија која што се надевам ќе бидат примените во наш, регионален и локален контекст и навистина ние ќе се пофалиме со поширок спектар на услуги за нашите граѓани, особено за граѓаните во социјален ризик,“ потенцира Тошеска.  

Партнерството со општините има за цел да им овозможи на старите лица и лицата со намален функционален капацитет квалитетна нега и грижа во нивните домови и зајакнување на социјалната заштита на локално ниво. Со услугата „Помош и нега во домот“  се обезбедува поголема достапност на социјалните услуги бидејќи се реализира директно во домовите на граѓаните со цел  да се овозможи посигурна и попријатна средина за оние кои имаат најголема потреба од поддршката.

Би можело да ве интересира

Прва сесија од Форум на заедницата во Прилеп

Делегацијата на прилепската локална самоуправа положи цвеќе пред споменикот на Методија Андонов Ченто

Елизабета Филипоска

Полициска хроника: Фатен крадец, ограбувал во фирма…

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе