30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА ПРИЛЕПСКИОТ НАРОДЕН ХЕРОЈ КУЗМАН ЈОСИФОСКИ ПИТУ

Денеска, преставници од прилепската организација на Сојузот на борци и подржувачи на НОБ, заедно со  преставници од СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Прилеп  ја одбележаа 76-та годишнина од смртта на народниот херој Кузман Јосифоски – Питу, еден од организаторите на антифашистичкото движење во Македонија.

Делегации од Општина Прилеп,  Сојузот на борци, СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“, здруженија и граѓани утрово положија свежо цвеќе пред спомен бистата во Алејата на народните херои и пред споменикот на Кузман Јосифоски – Питу во центарот на градот и на бистата на херојот во училиштето  „Кузман Јосифоски-Питу„. 

Кузман Јосифоски – Питу (Прилеп23 јуни 1915 еден од главните организатори на антифашистичкото движење (19381941) и на НОБ во Македонија (19411944).

Родната куќа на Кузман Јосифоски -Питу во Прилеп

Бил прогласен за народен херој на Југославија на 2 август1945 година, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со Стеван Наумов – СтивОрце НиколовСтрашо ПинџурХристијан Тодоровски – Карпош и Мирче Ацев). Поради својата неуморна народно-ослободителна дејност многу луѓе го нарекуваат Гоце Делчев на НОБ (Вториот Гоце Делчев).

Би можело да ве интересира

Над 100 археолошки експонати од исклучителна вредност содржи Лапидариумот во Прилеп

Борче Јовчески и официјално градоначалник на Прилеп

Венко Филипче: Денеска нови 3 случаи во Прилеп, еден починат

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе