16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Во ЈП за ПУП пензионерите со минималец доставуваат барања за бесплатен јавен превоз

Прилепските пензионери кои примаат минимална пензија и за наредната година ќе можат да користат бесплатен јавен градски превоз. За остварување на ова право потребно е пензионерите да се пријават, односно да поднесат барање до ЈП за ПУП, од каде преку соопштение информираа што е потребно:
„Се информираат сите пензионери со минимална пензија ( во моментов 19 900 денари) кои имаат право да користат бесплатен превоз истите можат да поднесат барање од денес 15.12.2025 до 15.01.2026 година во просториите на ЈП за ПУП – ул.„Крушевска“ бр.11А (старо шумско) секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот.
Потребни документи кои треба да ги достават:
1. КОПИЈА ОД ЛИЧНА КАРТА;
2. ЧЕКЧЕ ОД ПЕНЗИЈА ОД ПОСЛЕДНИОТ МЕСЕЦ;
3. 2 ФОТОГРАФИИ СО ДИМЕНЗИИ: 35мм х 45мм.
Се замолуваат сите заинтересирани да го запазат рокот за пријавување од 15.12.2025 до 15.01.2026година секој работен ден од 08:00 до15:00 часот во просториите на ЈПзаПУП.
НАПОМЕНА:
После овој датум нема да можат да го реализираат правото за бесплатен превоз.
За подигнување на картичките ќе бидете дополнително информирани,“ соопштуваат од ЈП за ПУП.

 

Би можело да ве интересира

Јовчески: Апелирам МВР – ИТНО И НЕОДЛОЖНО да преземе мерки за заштита на граѓаните на Прилеп!

Над 20 отворени шахти низ прилепските улици поради украдени капаци – потенцијална опасност за возачите и пешаците

Штрајкот на Еурокомпозит ставен во мирување

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе