Слушај ја веста 🔊
Прилепска пиварница продолжува да работи водејќи сметка за животната средина со новата инвестиција во подобрување на производните процеси. Како дел од обврската кон еколошки одржливи практики, пиварницата почна со користење иновативни пластични капачиња, кои остануваат прицврстени на амбалажата. Оваа промена е дел од целта за намалување на загадувањето и обезбедување поефикасно рециклирање на материјалите.
Со приспособување на производните линии за пијалаци во ПЕТ-амбалажа, Прилепска пиварница користи претформи и капачиња со помала тежина, што директно ја намалува количината пластичен отпад, без да се компромитира квалитетот на производите, а промената ќе има позитивен ефект врз животната средина.
Со оваа промена, Прилепска пиварница не само што ги исполнува обврските во согласност со европската Директива 2019/904, која има за цел да го намали влијанието на пластичните производи врз природата, туку и активно се подготвува за продолжување на својот извоз на европските пазари. Иако во Македонија наведената забрана не е во сила, приспособувањето на линиите ќе овозможи продолжување на извозот на пазарот во ЕУ, а од друга страна ја потврдува лидерската позиција на македонскиот пазар како компанија што ги следи најсовремените трендови во заштитата на животната средина, соопштуваат од компанијата.