11.1 C
Прилеп
среда, 16 октомври, 2024
Пела Радио

Времено запирање на преговорите со Бугарија – порака од Семакедонскиот собир во Прилеп

По повод роденденот на Гоце Делчев 4 ти февруари, и годинава во Прилеп се одржа традиционалната средба на Македонците од соседните земји и пошироко од дијаспората, под покровителство на Граѓанската иницијатива за национална, културна и европска интеграција на македонскиот народ „Не’  има“.  На Семакедонската средба 22 ра по ред, вообичаено темите се поврзани со состојбата на македонското малцинство во соседството, годинава со фокус на актуелните преговори со Република Бугарија.

– Наш став е дека тие преговори не се корисни за Република Македонија.Има договори кои Македонија ги потпишала со Бугарија 1946 година како пренесување на земските остатоци на Гоце Делчев во Скопје, пописот во Пиринска Македонија, потоа се доаѓа и до Бледскиот договор 1947година … Меѓутоа, 2 години подоцна 1949 година Бугарија еднострано го повлекува потписот на тие договори под притисок на Информбирото. Сите тие договори, а особено од Бледскиот договор, останува само едно, а тоа е неплаќањето на војните репарации кон Македонија. И самото тоа, за плаќање или не плаќање на воени репарации кажува кој бил администратор или окупатор, тука во Македонија, за време на Втората светска војна, посочува Илија Богатиноски, претседател на Граѓанската иницијатива за национална, културна и европска интеграција на македонскиот народ „Не’ има“.

На годинешниот семакедонски собир  е донесена декларација со која што се бара:

– Времено запирање на преговорите со Република Бугарија со цел да се проучат сите досегашни договори, вклучувајќи го и Бледскиот договор со сите акти кои произлегуваат од него.

– Се бара поголема транспарентност при евентуалните идни преговори кои се однесуваат на сите граѓани на Република Македонија;

– Се бара формирање на постајано тело при Владата кое ќе дава поддршка на деловите од македонскиот народ кои живеат надвор од границата на Македонија за остварувањето на нивните права во државите каде што тие живеат.

Оценките се дека состојбата за почитување на националните права на Македонците во соседството е најлоша во Бугарија.

„Ние немаме никакви права, сакаме да се изучува македонскиот јазик во училиштата, сакаме македонска црква. Ни се закануваат по живот. Луѓето се многу исплашени бидејќи не’ нарекуваат американски шпиони,“ истакнува  Кирил Тилев претседател на ОМО „Илинден“.

Дека бугарската пропаганда за асимилација не само што не запира, туку и се продлабочува, е примерот за состојбата со Македонците во Албанија. Се’ позачестени се обидите да се „придобијат“ на бугарска страна припадниците на македонското малцинство во Албанија, а не се бираат средства за оваа цел вели Васил Стерјоски, Македонец, пратеник во албанскиот парламент од партијата Македонска алијанса за европска интеграција.

„Бугарската пропаганда е слична како во Балканските војни“

– Не може со методи од 19 век да се спроведуваат начини за асимилирање на едно малцинство пред очите на целата јавност. И затоа бараме поддршка и од Република Албанија и од Република Македонија да ги спречи овие обиди на Бугарија за асимилација на Македонците во Албанија. Сакаме Албанија да ни овозможи еден фер попис на кој што Македонците ќе се изјаснат без притисок на Бугарија.

Бугарската пропаганда е слична како во Балканските војни, единствено што не се случува во моментов е што нема ликвидација на тие што се Македонци, друго се’е слично: од нудење на пари, пропаганда, веќе неколку години Бугарија нуди бесплатни екскурзии на деца од нашите региони во Бугарија, носат подароци, а најмноќното „оружје“ е бугарскиот пасош бидејќи, не само Македонците и Албанците аплицираат, за да можат да ги користат привилегиите на Европската Унија. Тоа што сега го бараат од градоначалниците каде што живеат Македонците во Албанија е да дадат документ дека тие жители се Бугари, иако градоначалниците немаат такво право, но бугарската страна ги користи сите мерки и инструменти за асимилација. Ние реагираме, бидејќи тие се обидуваат да го контролираат процесот на пописот во Албанија. Пред 2 години се покажа на контролниот попис во Пустец дека нема Бугари во Албанија. Од тогаш Бугарија ја смени својата стратегија. Ние реагираме зошто во некои делови Албанија има оставено слободен простор и и’ помага на Бугарија во овие настојувања, но ние не можеме да бидеме жртва на албанските настојувања за влез во ЕУ“, потенцира пратеникот Стерјовски, објаснувајќи дека Македонија нема никаква пречка да се грижи за Македонците во Албанија, но, засега тоа е малку, бидејќи треба стратегија.

„Ние сме оставени сами на себе. Се бориме со една машинерија која што располага со милиони евра за пропаганда во Албанија. Република Албанија во 2017 та година под притисок беше приморана да потпише под закана за членство во ЕУ да признае бугарско малцинство, иако такво малцинство не постои во Албанија. Главната цел е насочена во деловите каде што живеат Македонците претежно во Преспа, Гора, Голо Брдо, Врвник. Оваа година ние имаме попис во октомври и затоа е цела оваа активност на Бугарија да покаже постоење на Бугари во овој регион, бидејќи никој досегашните пописи не се произнесе како Бугарин“, вели Стерјовски.

Тој  посочи дека политичката партија Македонска алијанса за европска интеграција реагирала до албанските централни власти и барале заштита на македонското малцинство.

Македонците живеат претежно во пограничниот дел меѓу Албанија и Македонија, во околу 50 тина села вдолж македонско – албанската граница, како и делови од Гора, Голо Брдо, Врник. Иако, денес Македонците заради внатрешната миграција ги има во цела Албанија и во сите поголеми градови. Неофицијално над 100 илјади Македонци живеат во соседна Албанија.

Би можело да ве интересира

Авто Контрол и Даниела продолжуваат по патот на хуманоста од Љупче Перканоски

Пела Редакција

Коронавирусот пристигна и во Крушево -двајца заболени!

Елизабета Филипоска

АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Им изгоре куќата на семејството Степаноски од Ресен

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе