16.4 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Со новиот закон работно ќе можат да бидат ангажирани пензионери, студенти, средношколци…

Собранието ги донесе измените на Законот за работно ангажирање на лица, со кои значително се проширува кругот на луѓе кои ќе можат да бидат дел од пазарот на трудот,  а водено да не го изгубат своето стекнато право .

Со новиот закон ќе можат  работно да бидат ангажирани: студенти,  пензионери, лица помали од 18 – сет години (средношколци), лица кои користат социјална помош, самохрани родители, вработено лице, самовработено лице, … и, кои согласно законот, нема да им биде прекинато правото кое го  имаат стекнато по друг основ.  Односно, согласно овој закон нема да им се прекинува правото кое го имаат на пензија, на социјална помош, на студирање…а, ќе може да бидат ангажирани и средношколци.  Во оваа категорија не влегуваат само оние кои примаат семејна пензија поради инвалидитет, како и странците со регулиран престој.

„На овој начин ќе имаме граѓани кои ќе можат дополнително да заработат, држава ќе наплати повеќе давачки, а работодавачи кои ќе можат да ангажираат повеќе работници. Што значи пензионерите ќе можат да работат и да ја задржат својата пензија, додека студентите ќе можат да стекнат искуство и дополнителни приходи“ – велат надлежните.

Собранието со 73 гласа „за“, ги донесе измените на Законот за работно ангажирање на лица и со тоа за првпат во историјата на Македонија е донесен Закон за вработување на лица кој им овозможува на поширок круг граѓани да влезат на пазарот на трудот без да ги изгубат своите постојни права.

На овој начин се смета дека нови 30 илјади вработени ќе бидат ставени во системот на пазарот на трудот.

Би можело да ве интересира

Работниците од Еурокомпозит се враќаат на редовните работни обврски

Прилеп на второ место по број на активни Ковид случаи

Се асфалтира патот Битола – Новаци – Рек Битола

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе