16.4 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Ќе има ли можност за повеќе независни кандидати на локалните избори?!

Уставниот суд ги укина одредбите од Изборниот законик, со кои за 3 до 4 пати се зголеми прагот на потписи за независни кандидати. Ова во пракса значи дека независните листи и кандидати за да се кандидираат на избори, повторно ќе треба да соберат 1.000 потписи, како и на сите досегашни избори.

Инаку, на 7 март 2024, политичките партии по скратена постапка ги усвоија измените на Изборниот законик. Со измените поднесени од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ и со премолчана поддршка од сите останати, се зголеми прагот на потребните потписи за учество на изборите. Измените значеа дека независните кандидати и листи за да се најдат на гласачко ливче, треба да соберат потписи од еден отсто (1%) од вкупниот број гласачи запишани во конкретната изборна единица. Со тоа, на пример во Изборната единица 1, наместо досега потребните 1.000 потписи, на независните кандати, здруженија, група на граѓани,  ќе им требаа 3.372 потписа, за да поднесат независна листа.

Овие законски измени беа оспорени пред Уставен суд, а на 26 февруари годинава Уставниот суд поведе постапка. A, Собранието мора да донесе нови измени, бидејќи во моментов не постои никаква законска основа за независни кандидатури на изборите.

 

Би можело да ве интересира

Во тек е дистрибуцијата на гласачките ливчиња за вториот круг од Локалните избори 2025

Пела Редакција

(Видео) Мицкоски од Прилеп потенцира дека никогаш нема да коалицира со Заев

Од ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп потсетија на предизборните ветувања од градоначалникот

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе