16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

ОТКРИЕНИ 5 НОВИ КАМЕНИ ГРОБНИЦИ КАЈ МАРКОВИ КУЛИ ОД ВРЕМЕТО НА КРАЛЕВИТЕ ФИЛИП V-ти И ПЕРСЕЈ

Пет нови камени гробници во карпа дооткрија археолозите од прилепскиот Завод и музеј при заштитните архелошки истражувања на локалитетот „Крклари“ во комплексот Маркови Кули над Прилеп. Тие се од владеењето на македонските кралеви Филип Петти и Персеј од првиот и вториот век од нашата ера од хелинистичкиот период.

Според археологот и козерватор Владимир Крстески, овој тип гробници се специфични и претставуваат единствена појава во Прилепскиот регион. Во гробниците се закопувале видни граѓани и може да бидат голема туристичка атракција.

Комплексот Маркови Кули е една голема некропола. Има индиции за откривање на уште поголем број гробници, дури и од средновековието, а истражувањата ќе продолжат и во наредните години, со што ќе бидат доистражени сите гробници на оваа територија.

Би можело да ве интересира

Планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија на повеќе улици во Прилеп

Советниците на ВМРО ДПМНЕ ја напуштија Седницата на Советот на Општина Прилеп

Денеска е Света Марина – Огнена Марија

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе