16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

22 Македонци побарале помош за евакуација од Израел – Апел до македонските граѓани да не патуваат во регионот на Блискиот Исток

До 15 јуни, вкупно 22 лица, македонски државјани и членови на нивните семејства, побарале помош за евакуација од Израел.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија формираше кризен штаб и упати апел до македонските државјани да се воздржат од патување во регионот на Блискиот Исток, поради влошување на ситуацијата.

Министерството, во соработка со амбасадата во Тел Авив, активно работи на организирање на нивното безбедно враќање. Воздушните простори над Израел и Иран беа затворени, што дополнително ги комплицира напорите за евакуација на македонските граѓани.

Само пред неколку дена МВР ги повика македонските државјани да не патуваат во Израил и Иран.

Изминатите три дена, Израел и Иран разменуваат меѓусебни напади со дронови и ракети.

Тие започнаа со воздушен напад од израелска страна врз иранските нуклеарни и ракетни постројки на 13 јуни, како и со напади врз генерали и неколку нуклеарни научници.

Би можело да ве интересира

Нов асфалт за „Самоилова“ и „Војводинска“ во населба Точила

Како ќе работат прилепските градинки од 9-ти септември?

Важно!Јавниот градски превоз со редуциран возен ред

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе