11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Како ќе бидат обештетени прилепските земјоделците од невремето?!

Прашањето за проценката на штетите од невремето кое го зафати прилепско 23 -ти  јули, како дополнителна точка се најде на дневниот ред на Советот на Општина Прилеп  и гласеше вака : Предлог заклучкот по постапка за процена на штети и помош  во отстраување на последиците од природни непогоди настанати на ден 23.07 2018 година во Општина Прилеп и др.населени места„

И, веќе започна дискусијата помеѓу советниците „

Претседателот на Совет на Општина Прилеп, Миле Талевски ,по оваа точка  изјави за медиумите (која Ви ја пренесуваме во целост)

„Донесен е заклучок  комисијата за елеменарни непогоди при Советот на Општина Прилеп да определи стручна комисија за процена на штети во Оптшина Прилеп и др населени места за проценка на штетите од невремето  со обилни врнежи и дожд, силен  ветер  и град настанати на ден 23.07  2018 год, што ги зафати  земјоделските насади со тутун и други  култури во атарот на селата Мало и Голено Коњари, Кадиносело, дел од Галичани и нас. Варош. Формиравме комисија за процена на штети, кој се веќе неколку денови на терен и се прават проценки на штетите. До денес до комисијата има поднесено 920 барања, а до крајниот рок 31. 08, овие барања ќе бидат над 1000. Оштетени се над 600 хектари обработлива површина. Сите земјоделци кои имаат штети ќе бидат соодвтно и законски обештетени!

Формиран е комисија за проценка на штети и таа има задача до крајот на рокот ,  да излзи на терен, за потоа да изготви елаборат, кој ќе се достави до Владата. Комисјата формира уште две стручни комисии поради големиот обем на барања за проценка на штети, а со цел да се запази законскиот рок за изготување на Елаборат и збирен извештај кои треба да се достаи до Владта и до Советот на Општина Прилеп„-рече претседателот на Совтот на Општина Прилеп, Миле Талевски.

 

Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски кој присустуваше на Седницата за оваа точка , пред советнците го изкажа своето жалење за маката на земјоделците и  на говорницата рече:

 

„Општина Прилеп по добиениот Елаборат и Збирен избештај кој ќе биде доставен до Советот на Општина Прилеп, согласно можностите на Буџетот и финасиската кондиција на општинскиот буџет ќе издвои средства за обештетување на земјоделците кои претрпеа штети, во рамките на своите можности, но не може 100 % да ги обештети земјоделците Во буџетот на Општина Прилеп не постои ставка, која предвидува исплата на средства за штети на земјоделски површини, па затоа исплатата ќе ја извршиме со пренамена на буџетски средства.„ – рече градоначалникот на Прилеп,

 

Опозицијата побара од Претседателот на Совет и градоначалникот земјоделците да бидат 100% обештетени. Кординаторот на Советничката група на ВМРО ДПМНЕ ,Петар Ристески `побара Владат максимално да ги обештети земјоделците .Тој пред  медиумите изјави

 

„Поднесовње барањето, Советот да донесе посебна одлука, кој  ќе биде проследено до Владта, да се изнајде начин, како граѓаните на Општина Прилеп кои се оштетени од невремето,да бидат 100 % обештетени. Во изминатио период имало таква практика со поплавите 2011 година, кој го зафатија прилепско-битолскиот крај, каде земјоделците по одлука на Влада беа 100% обештетени. Зошто сега Советот на Општина Прилеп избегнува да  донесе ваков заклучок, не знаеме!“- рече тој и побара од прилепските пратениците да се заложат по ова прашање,во корист на земјоделците!

 

 

Би можело да ве интересира

Прва фаза ларвицидна дезинсекција на територија на општина Прилеп

Пела Редакција

Кривична за прилепчанец – си го запалил моторот на паркинг

Пела Редакција

(ВИДЕО)Нема пари – нема тутун, вака започна тутунскиот откуп!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе