16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Крвава ноќ во Прилеп – убиен татко и син

Основното јавно обвинителство Прилеп потврди дека се работи за двојно убиство и самоубиство. Според нивните првични сознанија, П.Ѓ. го убил својот внук од сестра и неговиот син поради долготрајни семејни конфликти и нерасчистени имотни прашања. Наводно, тој ги објавил мотивите и на една социјална мрежа пред да си го одземе животот.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција, како и за вештачење на оружјето и муницијата пронајдени на лице место. Истрагата е во тек, а полицијата и обвинителството преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Убиецот фрлил и експлозивна направа, пукал и кон полицијата, по што некаде после полноќ самиот си го одзел животот.

 

Би можело да ве интересира

Нападнати и повредени три лица во текот на ноќта

Полицијата информираше за вчерашниот настан кога автомобил падна во река

Пела Редакција

Прилепски дилер приведен во обид да се ослободи од дрогата

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе