25.6 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Ноќна драма во Прилеп – Неофициjално едно лице е убиено, друго загинало во сообраќајна незгода кај Липа

Доцна вечерва заложничка драма во центарот на Прилеп, кај кружниот кај Карпалак, каде има и многу полициски екипи.

Хеликоптери вечерва го надлетуваат Прилеп. Еден штотуку се упати кон Скопје.

Неофицијално, маж застрелал лицето кое го држело во заложништво неговото дете, а кај х.Липа, неофицијално дознаваме дека се случила сообраќајна незгода , каде загинало едно лице, наводно малололетно девојче кое било преказено. За кога се наменети хеликптерите, не е познато.

Според неофицијалните информации лице со оружје држело во заложништво едно, а друга информаци вели, повеќе лица. На терен се полициски екипи, а согласно процедурите ќе биде испратен и преговарач. До овој момент немаме точни информации дали има повредени, само шпекулации дека има мртво едно лице.

Се шпекулира дека се случило убиство – неофицијално, се наведува дека вујкото го убил својот внук и својот зет, но до овој момент нема официјална потврда од надлежните институции.

Засега од МВР ниту го потврдуваат, ниту го демантираат настанот.

Ситуацијата е во тек и се очекува официјално соопштение од Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода возачи во Прилеп и Македонски Брод, возеле пијани

Во сообраќајка тешко повредена малолетничка – возела електричен тротинет

Пела Редакција

При претрес во Житоше пронајдено оружје

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе