22.6 C
Прилеп
вторник, 23 јуни, 2026
Пела Радио

Прилеп со убедлива победа над Струга

Ракометарите на Прилеп ја остварија третата победа во шампионатот. Тие вечерва во првиот дуел од 6.коло од Супер лигата на домашен терен ја совладаа Струга со 34:27. На полувреме беше 18:11. Првиот дел беше неизвесен до 20.минута кога домаќинот водеше со 12:11, а потоа следуваше серија од 6-0 за Прилеп со што беше најавена победата. Во вториот дел домашната екипа имаше и 12 голови разлика, а стружани до крајот само го ублажија поразот.

 

Најефикасен на дуелот беше Наум Костов од Струга со 8 голови, додека кај прилепчани Денис Шабановиќ со  постигнати 6 голови. Александар Тренчевски и Димитар Димитриоски постигнаа по 5 погодоци.
Моментално прилепчани се во средишниот дел на табелата од Супер машката ракометна лигата со шест бода, додека Струга е на предпоследната позиција со два бода, пред екипата на Радовиш која е последна на 12-сетата позиција.
Во следното коло на 11 октомври Прилеп е гостин на Вардар во Скопје.

 

Би можело да ве интересира

Деспина со нов триумф на домашен терен и трето место на табелата

Ракометарите на Прилеп се изборија за плеј-оф

РК Прилеп „потопен“ од Вардар

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе