16.4 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО) Филип е во срцата на сите нас

Филип Николоски познат на прилепската публика заради прекрасниот глас и нескротливиот животен ентузијазам, минатата година влезе посериозно во светот на музиката и балгодарение на неговиот хит „Само на добро нека е“ сега е познат ширум Македонија.

Песната со музика на Рубин Димкоски, а по текст на Душко Темелкоски, често можете да ја слушнете на македонските радио-станици. Посебно впечатливо беше гостувањето на Николоски, на јубилејниот концерт на групата „Меморија“ по повод нивното четиридецениско постоење.  Следеше и наградата „Златна бубамара на популарноста“ која групата  му ја посвети на Филип.

Годинава, групата „Меморија“ и Филип Николоски се закитија со признание на манифестацијата  ABILITY AWARDS 2025. Церемонијата на доделувањето и настапот беше пренесуван од Македонската радио телевизија.  Фронтменот на групата, Петар Ѓорѓиевски, истакна дека и оваа награда групата му ја посветува на Филип, затоа што тој е дел од срцата на сите нас.

Деновиве актуелен е и краткиот документарен дилм „Нотите на животот“ посветен на нашиот сограѓанин Филип Николоски, во кој зборува и тој, но и неговите професорки од СОУ „Кузман Јосифовски Питу“, Цеца Видова Трајческа и Весна Миланоска како и специјалниот едукатор и  рехабилитатор Гордана Стојкоска.

– Ми беше ученик, ама јас од него научив дека треба да ми е срам да се жалам за некои ситни мали смешни препреки, кога на светов има луѓе кои се соочуваат со многу сериозни и страшни предизвици-вели во доокументарецот, професорката Весна Миланоска.

Сценариото на Гордана Стојкоска, камерата и монтажата се на Петар Јошески и Душко Илиески.

Радио Пела во 2024 година го награди Филип Николоски со признанието „13 величествени“.

Погледнете го целиот документарен филм.

 

Би можело да ве интересира

Уште еден подвиг на Дарко Неданоски со тимот за спасување на планина при ДЗС

Мултимедијален фестивал „Цело е кога се има 30“ во Прилеп и Крушево за културно освежување

Денеска муслиманите во целиот свет го слават Рамазан Бајрам, вториот по важност празник во исламот по Курбан Бајрам

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе