29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Уште еден подвиг на Дарко Неданоски со тимот за спасување на планина при ДЗС

Вчеравечер иако под лоши временски услови со силен ветер, тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно го симнал странскиот палаглајдерист кој бил закачен на дрво високо над 30 метри, во близина на Крушево. Тој за среќа нема сериозни повреди. Во акцијата учествуваше прилепчанецот Дарко Неданоски, кој е дел од тимот за спасување на планина при Дирекцијата за заштита и спасување.

За несреќната случка, дека странски државјанин додека летал  со палаглајдер удрил во дрво, се здобил со повреди и останал да виси на него, ДЗС било информирано од полициската станица-Крушево, доцна попладнето.

Од ДЗС информираат дека локалните сили не можеле да го симнат повредениот параглајдерист, поради што итно бил активиран нивниот тим за спасување на планина.

„Потребна е силна и организирана спасителна служба.
Животот нема реприза.
Силна спасителна служба – гаранција за спасен живот!“, напиша на ФБ Дарко Неданоски по завршувањето на акцијата .

Би можело да ве интересира

Браво Мила ! А, сега , КАКО да гласаме!

Во Прилеп одбележан Денот на крводарителството

Извинете само да прашам? – се почесто на репертоарот на човечката мутавост

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе