16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Бугарски државјани фатени во кражба на предмети и делови од народна носија

Во Демир Хисар полиција уапсила тројца државјани на Бугарија со две возила кои биле фатени во кражба на делови од македонски народни носии кои претставуваат културно наследство:

На 09.12.2025 во 11:50 часот на улица „Вељко Влаховиќ“ во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишија од слобода А.К.(44), К.К.(48) и В.Г.(50), сите од Република Бугарија, поради сомнение за сторени кривични дела „кражба“ по член 235 и  „изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 266 од Кривичниот законик. А.К. и К.К. се затекнати во патничко возило „фолксваген голф“ со бугарски национални ознаки, а В.Г. е затекнат со возило комбе „пежо боксер“ со бугарски национални ознаки и кај нив се пронајдени  предмети  и  делови од народна носија  за кои не можат да го докажат потеклото. Предметите се прегледани од  етнолог од Музеј Битола и констатирано е дека се работи за делови од македонски народни носии кои претставуваат културно наследство и се со забрана за промет и за продажба без нивна дозвола. Тројцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

ДИК: Обработени 100% Кривогаштани, Новаци и Могила предност на Давкова, Долнени победа на Пендаровски

Со почит кон втемелувачите на нашата писменост-Денови на Свети Кирил и Методиј во Прилеп

(ВИДЕО-ФОТО) Проданоски: Не може Комуналец да има 69 илјади вработени за да чистат по секој жител на општината

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе