16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Повеќе театарски претстави во одбележување 75 години од НТ „Војдан Чернодрински“

Во рамките на одбележувањето 75 години од НТ „Војдан Чернодрински“ најавени се повеќе театарски претстави и настани :

  • „За нас почнува живот“ е современа трагикомедија за човекот кој сонува…што ќе биде изведена в понеделник од 20.00 часот на сцена 105. Претставата не се занимава со големите наслови на светот – туку со тишината меѓу двајца, со зборовите што не се кажани, со љубовта што опстојува и кога е скршена… Оваа претстава не е бајка. Таа е огледало.

И во тоа огледало не се гледа совршенство, туку мали луѓе со големи соништа, заробени меѓу идеали, разочарувања и трагање по среќа. Автор е Ѓерѓ Шпиро, режијата е на  Дејан Пројковски, улогите ги толкуваат Биљана Драгиќевиќ Пројковска и Нино Леви. Автор на музиката е Горан Трајкоски.

  • На 16 ти декември, вторник од 20.00 часот популарниот актер  Сашко Коцев  ќе го реализира неговoто стенд ап  шоу „Широк дијафазон“.

Гостувањата се дел од одбележувањето на јубилејот 75 години НТ „Војдан Чернодрински“, кој ве поканува на вечери исполнета со смеа, емоции и добра енергија.

  • Воедно театарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „Чиста куќа“ од Сара Рул, во режија на Тамара Стојаноска, на 13 декември ќе гостува во Никшиќ.
  • Веднаш по враќањето од Никшиќ, на 17 декември, среда, од 20.00 ч, на сцена 105 ќе биде изведена првата реприза на претставата „Црнила“ во режија на Дејан Пројковски.

 

Би можело да ве интересира

229 прилeпчани незаконски примале социјална помош

Пела Редакција

Македонски Брод : Костенијадата прераснува во фестивал на костенот (ВИДЕО + ФОТО )

Дигитализацијата и странските јазици, го потиснуваат мајчиниот јазик

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе