16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Осумдневно бебе од Прилеп донесено во прилепската болница без знаци на живот

Осумдневно бебе од Прилеп вчера било донесено на детското одделение во прилепската болница без знаци на живот. Родилката се породила во прилепската болница и по два дена на нејзино барање си заминала со бебето. Бебето починало, а прилепското основно јавно обвинителство отвори предмет и нареди обдукција за да се утврдат причините за смртта.

„Во 8,35 часот на 11 декември е пријавено дека на детското одделение во општата болница „Борка Талески“ во Прилеп без знаци на живот било донесено бебе старо осум дена. По наредба на јавен обвинител, телото на бебето е дадено на обдукција“, соопштуваат од СВР Битола.

Од Основното јавно обвинителство го потврдуваат случајот и велат дека е отворен предмет, зашто родилката се породила во прилепската болница и по два дена на нејзино барање си заминала со бебето.

– За случајот бевме известени во 8,10 часот вчера изутрината. На детското одделение се обиделе да го реанимираат бебето, но било безуспешно. Наредив обдукција за да се утврдат причините за смртта на бебето. Побарана е целокупната медицинска документација за породувањето и за медицинскиот третман при раѓањето. По два дена од пораѓањето, родилката на нејзино барање била отпуштена. Ќе се врши вештачење. Во меѓувреме извршен е разговор со родителите и е направен увид во семејството“, вели основниот јавен обвинител Стевчо Биноски.

Семејството живее во периферната населба „Три Багреми“ во Прилеп и бебето било нивно трето дете.

Би можело да ве интересира

Прилепчанец лишен од слобода, поседувал ловечка пушка без дозвола

Полицијата во голема акција – во Прилеп се апсат дилери на дрога

За случајот со сексуалното вознемирување на средношколка во СОУ „Орде Чопела„

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе