16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Прилеп се подготвува за својот патрон празник – 20 години од одбележувањето на Св.Никола

Прилеп се подготвува за својот патрон празник. Градот слави 20 години од одбележувањето на Св. Никола, како заштитник на градот, каде масовно се прославува на плоштадот „Александрија“.

„Тоа е наша вековна традиција – едни слават, а други одат на слава, и на тој начин прилепчани го чествуваа, Св. Никола, празникот на дарување, почитување и грижа за другите, почит што не’ поврзува низ генерациите. Оваа година одбележуваме и 20 години од носењето на заедничката одлука по иницијатива на граѓани и прогласувањето на Св. Никола за Градска слава и заштитник на нашиот град, значаен јубилеј кој ни дава уште поголема причина да се собереме и да празнуваме заедно. Затоа ги повикувам сите граѓани на Р. Македонија и граѓаните на Прилеп, во заедништво да го прославиме нашиот патрон.“ рече градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски

Оваа година на градската слава домаќини се компаниите „Матадор“ и „Бимфоод“, кои веќе ги подготвуваат почетоците на виткање на светиниколски сармички, што ќе ги изработуваат жените од прилепските женски здруженија.

„Сармичките ќе се виткаа во кујната на компанијата „Бимфуд“, и посебно ни е драго што се врати традициoналниот начин на заедничкото потготување на светиниколските сарми, кои се уникатни и по кој Прилеп е препознатлив, а тоа знаат само да го направата само прилепските жени. На посната светиниколска трпеза се поканети сите. Ќе биде поставена на плоштадот „Александрија“, ќе има затворен простор со шатори, за да може секој еден годитн,граѓанин, пријател, да седне и да биде дел од заедничката светиниколска трпеза“, истакна Игор Стеванов, домаќинот на градската слава од компанијата „Матадор“, а на заедништво и на поканата до сите добронамерници за прославување на празникот Св. Никола повикаа и домаќините,  Мирко и Иван Биќанин од компанијата „Бимфоод“.

Одбележувањето на патрониот празник на Прилеп, ќе започне во 08:00 часот со Свечена литургија во храмот „Св. Благовештение“ со која ќе чиноначалствува Г Г Петар. Централното чествување е во 12:00 часот, пред параклисот „Св. Никола“ во центарот на градот, каде ќе се изврши водоосветување и прережување на славскиот колач. Потоа, на плоштадот „Александрија“, ќе биде организирана традиционалната светиниколска посна трпеза, а празничниот амбиент ќе го збогати настапот на музичката група „Тајфата“ на Камената бина.

Би можело да ве интересира

IN MEMORIAM: Почина д-р Круме Соколоски поранешeн претседател на ОО на Сојуз на борци Прилеп

Пела Редакција

(ВИДЕО) Филип е во срцата на сите нас

Задушница за Духовден во прилепските храмови – утре неработен ден за православните граѓани

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе