15.5 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Прилеп подготвува стратешки план за урбана мобилност односно за создавање модерен, функционален и одржлив сообрајќаен систем

Во Општина Прилеп денеска се одржа јавна презентација и стручна консултација во врска со проектната активност која што се работи заедно со Министерството за транспорт и врски за изработка на План за одржлива урбана мобилност (SUMP), кој ќе се реализира со финансиска поддршка од Светска банка.

Целта на проектот е да се подобри пристапноста, безбедноста и ефикасноста на сообраќајот во градот, како и да се намалат негативните влијанија врз животната средина.

Управувачкиот комитет истакна дека изработката на Планот претставува важен чекор кон создавање модерен, функционален и одржлив сообрајќаен систем во Прилеп.

„Со овој план ќе се унапреди патната инфраструктура, ќе се поттикне користењето на одржливи начини на транспорт и ќе се создадат услови за побезбеден и поефикасен сообраќај за сите граѓани“, посочи Проданоски.

На средбата беа присутни претставници од Министерството за транспорт, како и тимот на општината кој работи на проектот, претставници од Министерството за внатрешни работи, од Јавното претпријатие ПУП Прилеп, претставници на институции и граѓани. Се дискутираше за тековните активности и идните чекори за финализирање на Планот за одржлива урбана мобилност, како и можностите за подобрување на интегрираниот систем на сообраќајот во општината.

Планот ќе се фокусира на потребите за мобилност на граѓаните, институциите и компаниите во урбаното подрачје на Прилеп, при што ќе се применува транспарентен и партиципативен пристап. Во процесот и понатаму ќе бидат активно вклучени јавните институции, организациите и другите засегнати страни, со цел да се обезбеди поширока поддршка и успешно спроведување на предвидените мерки.

Од Општината информираат дека ќе следат повторно вакви јавни консултативни средби на кои што претставници од институциите и организациите ќе можат да дадат свои предлози и мислења во процесот на креирање на Планот за одржлива урбана мобилност.

Би можело да ве интересира

Од десет џудисти 10 медали

Општина Новаци започна со планирање на Буџетот за 2023 година

Концерт на сопран и клавичембало „Музиката на европските дворови во XVII век“ во Цепенков

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе