16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Говорниците во прв план, решенијата во сенка – маратон на зборови на маратонска седница на Совет прва од ваков вид

На стартот на 14-та Седница на Совет на Општина Прилеп, повеќе од два часа советниците дискутираа по предлог – одлуките на опозицијата за „Изготвување на студио за влијанието на концесиите врз животните средини и формирање за одобрување с. Оревоец да биде месна заедница, и овие предлози да се внесат во точките на седницата, како и по прашањето „зошто не е свикана итна седница“ пред одржувањето на 14-та редовна Седница на Советот на Општина Прилеп.

Откако предлог одлуките не беа прифатени со гласање, советниците почнаа да работат по дневниот ред. Но, веднаш по изгласаниот дневен ред, пауза за консултативна средба побара опозицијата. И, веќе се тргна маратонски: долги дискусии, постојано прекини, различни забелешки, опомени, упаѓање во говор од место, нервозни реакции на советници, недоразбирања, надмудрувања и надополнувања, образложувања и докажувања … и, 12-сет часовната седница, која како парламентарна, заврши пред полноќ, каде сите предложени точки од дневниот ред беа изгласани од мнозинството советници.

На маратонската седница на Советот на Општина Прилеп се најдоа 21 точка: одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Прилеп за 2026 година и квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Прилеп за прв квартал од 2026 година, тримесечните извештаи за финансиското работење на ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески-Платник“ – Прилеп и на ЈОУ Детски градинки „Наша Иднина“ и на ЈКП во Прилеп за период од јануари до март 2026 година, годишните планови за вработување на основните прилепски училишта за 2027 година: ООУ „Гоце Делчев“, ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, ООУ „Климент Охридски“, ООУ „Круме Волнароски“ с. Тополчани и ООУ „Страшо Пинџур“с. Мало Коњари.

Советниците на редовна 14 седница ја одобрија донацијата за изработка и отстапување на техничка документација за инфраструктурен проект, ја прифатија одлука за измена и дополнување и именување членови на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Општина Прилеп и ја потврдија верификација на мандатите на членовите на Локалниот младински совет на Општина Прилеп, одлучија да именуваа членови во надзорниот орган на ЈОУДГ „Наша иднина“-Прилеп, го прифатија кофинансирањето на проектот „Енергетска ефикасност на административната зграда на Општина Прилеп преку воведување систем со топлинска пумпа“, ја усвоија програмата за утврдување критериуми и стандарди за поставување урбана опрема на подрачјето на Општина Прилеп и програма за измена и дополнување на програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Прилеп за 2026 година.

На оваа седница на Советот на Општина Прилеп, советникот Мирјана Стеваноска од ЗНАМ се изјасни дека во иднината ќе делува како независен советник.

Би можело да ве интересира

ЧУДОТО НА ПОЕТСКИОТ ЗБОР

Третоноемвриски награди 2024-отворен јавниот повик за доставување предлози

Украс на Прилеп – парковите на ООУ “Климент Охридски”

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе