Убедлива победа на вториот ден од Европското првенство во футсал, на екипата на СОУ „Ристе Ристески Ричко“ од Прилеп. Во вториот натпревар со екипата на Унгарија 3 прилепските средношколци победија со 10:0.
Стрелци: Андреј Петрески 2, Бернис Селимоски1,Теодор Ѓероски 1, Димитар Оклески 1,Ведран Мегленски 3 и Бруно Стефаноски постигна 2 гола.
Во првиот натпревар кој што се одигра вчера на стартот од Европското првенство во футсал (машки), кое се одржува во Бања Лука од 10 до 16 мај, СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ – Прилеп против селекцијата на Словачка одигра нерешено 4:4. Во исклучително тежок и неизвесен натпревар, учениците покажаа голема борбеност, квалитет и спортски дух.



Против Белгија за првото место во групата
Денеска во 15:30 часот ги очекува последниот и клучен натпревар од групната фаза против Белгија.
Математиката е јасна – со победа на овој дуел, момците на тренерот Илија Ангелески најверојатно ќе завршат како првопласирани во својата група, што би им донело полесен противник во следната фаза и би го потврдило епитетот на едно од најпријатните изненадувања на шампионатот во Босна и Херцеговина.

