31.5 C
Прилеп
вторник, 28 јули, 2026
Пела Радио

Од полноќ намалување на цените на бензините

Од полноќ цената на бензинот ќе се намали за 2,5 денари за литар за Евросупер БС-95 и за 3 денари за Евросупер БС-98, а не се менува цената на дизелот, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: 84 денари за литар Евросупер БС-95 и 85,50 денари за литар за Евросупер БС-98.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,663 ден/кг и сега ќе изнесува 50,410 ден/кг.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од РКЕ.

Би можело да ве интересира

Тутунскиот вишок мора да се пријавува на одредени договори

Прилепскиот Совет ја започна постапката за општинска обврзница

Нема воз на релација Битола-Прилеп- Велес-Скопје, праговите од пругата изгореа!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе