16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Внимателно со управувањето на мопедите како учесници во сообраќајот – се зголемуваат незгодите

Прилепчанка, 59 годинишна,  изгубила контрола врз мопедот и паднала на коловозот. Среќа во несреќата било што во тој момент не наишол автомобил, кој можел да создаде дополнителни компликации. Апелот останува – „внимателно со управување на мопеди како учесници во сообрајќот!“

Настанот се случил вчера (11.05.2026) во 15:35 часот кога во ОВР Прилеп е пријавено дека на ул.„Димо Наредникот“ – Прилеп, 59-годишната Б.М. од Прилеп, управувајќи мопед „хамачи“ со прилепски регистарски ознаки, изгубила контрола и паднала на коловозот.

„Во несреќата, таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп“, информираат од СВР Прилеп.

Би можело да ве интересира

Санкционирани 17 возачи од Прилеп во алкохолизирана состојба, а кај еден измерени дури 2.99 промили алкохол во крвта

Случај Прилепска болница: Утринава уапсениот, доби кривична пријава за проневера во службата

Жена почина во пожар во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе