26.6 C
Прилеп
вторник, 16 јуни, 2026
Пела Радио

Министерството за финансии исплати над 2 милијарди денари субвенција за предаден тутун од реколтата 2025 та

Министерството за финансии објави дека е доделена субвенција од 2 милијарди денари за одгледувачите на тутун. Овие средства се наменети за 15.144 одгледувачи.

„Денеска, Министерството за финансии исплати 2.028.714.243 денари субвенции за одгледуван и предаден тутун од неговата наплата за 2025 година, средства наменети за 15.144 одгледувачи на тутун. Оваа исплата ја потврдува определбата на Владата за континуирана и навремена поддршка на земјоделството, како една од главните гранки на економијата во земјата, со посебен фокус на одгледувањето тутун како стратешка и традиционално важна земјоделска дејност. Преку редовни и навремени исплати, се создаваат услови за поголема финансиска стабилност за земјоделците, одржување на производството и понатамошен развој на руралните средини. Владата и Министерството за финансии остануваат посветени на политиките што ќе донесат поголема конкурентност на локалното земјоделство, повисоки приходи за земјоделците и одржлив развој на земјоделскиот сектор“, посочуваат во соопштението од Министерството за финансии.

Би можело да ве интересира

Прилепската чаршија ве кани на „Prilep OUTLET Weekend“ на 17ти и 18ти февруари!

Проданоски оствари средба со амбасадорите на Германија и Франција

Пела Редакција

Велигденска честитка упати градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе