23.7 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Проданоски оствари средба со амбасадорите на Германија и Франција

На германските гробишта во Прилеп денеска по повод „Денот на примирјето“ и „Денот на народната жалост“, им беше оддадена почит на жртвите од Првата Светска Војна. Делегации од амбасадите на Сојузна Република Германија и Република Франција, предводени од амбасадорите Н.Е. Петра Дрекслер и Н.Е. Кристоф Ле Риголер, делегација од Општина Прилеп, предводена од градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, делегација од АРМ и преставници од здруженија на граѓани, положија венци и свежо цвеќе.

„Овој ден претставува потсетник на трагичните последици од војната, но и на важноста на мирот, солидарноста и европските вредности. Примирјето од 1918 година означи крај на еден од најразорните конфликти во историјата и постави темели за иднината која денес се гради преку соработка и разбирање меѓу народите.“ истакна градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски.

При оваа пригода тој оствари и средба со амбасадорите во неговиот кабинат. На средбата, се разговараше за унапредување на билатералната соработка, отворање нови можности за економски развој, поддршка на локални проекти и зајакнување на културните и образовните врски со двете земји. Продановски потенцираше дека Прилеп има што да понуди како економски центар, но и како град со значаен туристички и културен потенцијал.

Би можело да ве интересира

Пријатели, потребни сме ѝ на 43 годишната Марина Гулеска од Прилеп!

Пела Редакција

Нафтата за 10 денари, а бензинот поскап за 5,5 денари

Низ фотографии пошумување кај манастирот Св.Димитрија с.Селце

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе