19.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Кажано – средено! Добрината и совесноста се заразни – од иницијатива до голем интетерес за уреден Прилеп

ПРИЛЕП – „Кажано – средено! Од џунгла – до беспрекорен двор. Совршен финиш на нашата акција“ напишаа на својот ФБ профил, дечките од Мој Прилеп, чија иницијатива „Џабе работи, џабе неседи“  пројави интерес кај многу млади луѓе кои им се приклучија во акцијата за уредување на спортското игралиште или дворот на училишениот дом “Орде Чопела“.
Во акцијата им помогнаа и комуналците. Екипата на ЈКП „Комуналец“ излезе на терен со механизација и го заврши тоа што момците го почнаа. Комуналците ги собраа куповите од трње, шипинки и сето наталожено ѓубре и го исперија игралиштето.
Но, интересот за средување на својот град кај граѓаните порасна, па нови млади луѓе ја понудија својата  помош и побараа да се вклучат во акцијата за доуредување на дворот.
И,  беспрекорно организирано, со нова акција за доурдување,  се фарбаа стативите, се доуредуваше игралиштеото, со метла, лопата и мотка. Се собра мала и голема екипа и направија дворот на интернатот „Орде Чопела“  не само да е  среден, туку доби комплетно нов лик и да светне!
Чиста десетка за координацијата и брзината. Големо БРАВО и за вредната екипа!
„Кога граѓанскиот активизам и јавните претпријатија ќе си ги подадат рацете, Прилеп дише поинаку. Сега дворот е стакло, а топката е кај сите нас — да го чуваме ова што заеднички го направивме. Ова е само почеток на едно убаво и чисто пријателство на терен. Па, се гледаме на баскет/фудбал 🏀⚽‘ порачаа дечките од Мој Прилеп.
Сега веќе стигнуваат и предлози за уредување на својот град: „Да ичистиме ваму – да средиме таму!“ се барањата на граѓаните кои сакаат не само да им се уреди јавниот простор , туку и тие да се вклучат во ваквите акции што ги покренаа овие млади луѓе, за својот град, за своите граѓани.
Брвос во четврток ќе имаме и ние состанок па би сакале да ви се приклучиме усте 5-6 дечки , инаку јас мислам дека во соработка со Општината треба да почнеме и да се обележат сигнализацијата на тротоарите како во Скопје , Охрид ,Струга или дасе обојат тротоарите на главните улици со црвено бела боја еве пример како би изгледало тоа, се вели во ФБ објавата.

Би можело да ве интересира

Порти кон бескрајот: изложба на човекот што тивко го обликуваше Прилеп

Отворена изложбата на дела од 17-та ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен”

(ВИДЕО)И во земјоделството важи правилото-подобро да се спречи од колку да се лечи!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе