20.2 C
Прилеп
сабота, 27 јуни, 2026
Пела Радио

Под слоганот „Амбасадори на знаењето“ Прилеп ги награди талентираните ученици од генерацијата 2025/2026

Под слоганот „Амбасадори на знаењето – Прилеп горд на генерацијата 2025/2026“ на симпатичен, интересен начин, преку организирана забавно – музичка програма во изведба на DJ Ангела Димеска и The Doctors, во присуство на родители, наставници, професори и граѓани, Општина Прилеп вечерва им оддаде јавна почит и благодарност на учениците од основните и средните училишта кои освоиле награди на меѓународни и државни натпревар. Воедно на настанот беа пофалени и наградени и првенците на генерација од сите основни и средни училишта во Прилеп.

Покрај беџови и пофалници како дополнителен мотив за нивните идни успеси, 220 ученици кои освоиле први, втори и трети место на државни и меѓународни натпревари, беа наградени со парични ваучери од 5.000, 6.000 и 7.000 денари, а за освоените места на меѓународни натпревари, согласно Правилникот на Општина Прилеп, ученици добија ваучер од 7.500, 8.000 и 9.000 денари. За наградување на талентираните ученици ова година општината издвои еден милион денари.

„Ова беше вечер посветена на знаењето, трудот, упорноста и соништата. Вечер во која покажавме дека Прилеп знае да ги цени оние што со своите успеси го претставуваат нашиот град на најубав можен начин. Честитки до сите наградени ученици, до нивните родители, училиштата, наставниците и менторите. Вашите успеси се успех на Прилеп. Честитки, амбасадори на знаењето! Продолжете да сонувате, да учите и да победувате, Прилеп е горд на вас! “ рече градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски им честита на учениците за нивниот успех.

Настанот кој се одржа на Могилата на непобедените и беше поддржан од повеќе општествено одговорни компании.

Би можело да ве интересира

Држава без земјоделие е слуга на другите, земјоделците протестираа! (ВИДЕО)

Донкихотска битка на вработените од Еурокомпозит за нивните работнички права

Прилепска Пиварница донираше комунално возило за почист град

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе