26.8 C
Прилеп
среда, 1 јули, 2026
Пела Радио

Прилепските ротаријанци обележаа 3 планински патеки на Селечка планина и донираа за лицата со оштетен вид

Ротари клуб Прилеп не мирува со својот придонес кон заедницата и донации за ранливите категории. Ротаријанците поставија прва информативна табла со детални податоци и генерирани QR кодови за трите целосно обележани планинарски патеки на Селечка Планина. Информативната табла е поставена во непосредна близина на Манастирот „Св. Димитрија“ с. Селце, на почетокот на главната патека. Сите патеки се обележани со видливи знаци на лице место, а самата апликација е многу прецизна и води до точната дестинација и назад. Дополнително, на таблата можат да се најдат  информации за називот на патеката и за нејзината должина.

„Нашата цел е да го поттикнеме спортскиот дух и да успееме да ги вратиме луѓето во природа. Веруваме дека се’ поголем број наши сограѓани, но и луѓе од други места ќе уживаат во природните убавини. Oстанува уште да упатиме јавен апел до граѓаните да ја почитуваат природата, да не фрлаат отпадоци (да ги собираат исфрлените) и да внимаваат да не предизвикаат шумски пожари во периодот што следи,“ посочија од Ротари клубот Прилеп кои пред неколку месеци донираа дрон на ТППЕ Прилеп за следење на шумски пожари и сомнителни активности во заштитени подрачја. 

Воедно, деновиве прилепските ротаријанци донираа и дигитална видео лупа за Здружението на слепи и лица со оштетен вид. Донацијата поддржува поголема достапност за слепи лица и лица со оштетен вид во Прилеп. Уредот користи камера и екран за да им помогне на лицата со оштетен вид.

Би можело да ве интересира

ВОДИЦИ 2023 Прилеп – Втора среќа за Марко Ристески (ВИДЕО)

Пендаровски: Пописот беше со сите нишани!

💜Хуманитарен концерт „Заедно за нов живот“ 💜 за поддршка на предвремено родените деца

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе