17.9 C
Прилеп
вторник, 7 јули, 2026
Пела Радио

Во пресрет на Пиво Фестивалот се уредува централното градско подрачје

Во пресрет на претстојниот Пиво Фестивалот, екипите од ЈКП Комуналец, задолжени за одржување на јавното зеленило, интензивно работат на уредување на плоштадот „Александрија“ и неговата околина, каде и централно се одржуваат сите настсани на “Пивофест“.  Деновиве се косат тревните површини, се уредуваат декоративните зелени појаси и се врши одржување на парковското зеленило, со цел просторот да ги дочека посетителите во своето најубаво издание.

Плоштадот, кој претставува едно од најпосетените и најрепрезентативни места во градот, деновиве добива дополнителна свежина и уреден изглед, создавајќи пријатен амбиент за сите граѓани и бројните гости кои ќе се очекуваат да пристигнат во Прилеп за фестивалските денови од 17 до 19 јули.

“Прилеп со право го заслужува епитетот „зелен град“, но зад тој препознатлив лик стои постојана и посветена грижа. Одржувањето на зеленилото не е еднократна активност, туку континуиран процес кој бара секојдневна работа, внимание и вложување, за јавните површини да останат чисти, уредени и привлечни во текот на целата година“, велат од ЈКП Комуналец – Прилеп.

 

Би можело да ве интересира

Скромно одбележана градската слава Св.Никола

(ВИДЕО)МАЛКОСКИ: МИСЛЕВ ДЕКА НЕ Е ВИСТИНСКИ ПИШТОЛ!

Пела Редакција

До 31 јули продолжен рокот на важност на патните исправи и возачки дозволи

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе