27.5 C
Прилеп
среда, 8 јули, 2026
Пела Радио

Во Цепенков (сцена 105) гостува претставата „Повик“

„Повик“ е претставата што ќе се изведе на 9 и 10 јули од 20:00 часот, на сцена 105 во Центарот за култура „Марко Цепенков“ (театар „Војдан Чернодрински“) во Прилеп. Автор и режија на претставата е Јован Ристовски, а костимограф – Марта Дојчиновска.

Во претставата играат: Марија Стефановска, Катерина Аневска, Николе Стефанов, Маја Андоновска Илијевски, Наталија Ристеска и Марија Талеска.

„Повик“ е приказна за современиот уметник, раскажана низ судбината на една млада сликарка која се обидува да ја пронајде вистината во свет во кој уметноста сè почесто станува производ, нарачка и кич. Претставата отвора прашања за изгубениот идентитет, за судирот меѓу личниот интегритет и очекувањата на општеството, како и за конфликтот помеѓу слободното творештво и системите што настојуваат да го обликуваат човекот. Нејзината борба не е само професионална – таа е борба да остане човек, да не го изгуби сопствениот глас и да остане верна на својата интуиција.

– Но ова не е приказна за поразот. Ова е приказна за можноста повторно да се роди уметноста. За надежта дека, и покрај политичките, економските и општествените притисоци, човекот сè уште може да ги избере вистината, слободата и автентичноста. Инспирирана од научните трудови на Карл Густав Јунг, претставата ги истражува архетиповите, сенката и процесот на лична трансформација, отворајќи силни прашања за индивидуалниот и колективниот идентитет. Воедно, ова е и омаж на жените – на нивната сила, мудрост и способност да создаваат, обновуваат и менуваат, затоа што секоја вистинска преродба почнува со храброста гласно да се изговори вистината. Низ неа одекнува и една силна мисла „Ние молчиме“, се посочува за претставата.

Театарската претстава е независен проект, поддржан во рамки на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од „Хартефакт фонд“. Претставата е дополнително поддржана од Германија преку Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ North Macedonia). Партнер и логистичка поддршка е НУ Центар за култура – Битола. Влезот е слободен.

Би можело да ве интересира

Мирчески: Време е за серизни политики, да го вратиме достоинството на земјоделецот!

Општина Прилеп набави 600 таблети и 230 компјутери за основните прилепски училишта

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (65)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе