Во два одделни случаи приведени тројца прилепчани вчера, 07.07.2026. Двајца од нив навредувале, агресивно се однесувале и се заканувале кон полициски службеници, а третиот сексуално вознемирувал жена во нејзиниот дом пред малолетната ќерка:
- На 07.07.2026 во 12:00 часот во ОВР Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп на крстосница од ул „Егејска“ и ул.„Прилепски Бранители“ во Прилеп ги лишија од слобода Д.В.(43) и И.Б.(41) двајцата од Прилеп, бидејќи истите агресивно се однесувале и упатувале навреди и закани кон полициските службеници . По документирање на настанот ќе следуваат соодветни поднесоци.
- На 07.07.2026 во 19:00 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Д.В.(71) од Прилеп, постапувајќи по пријава од 40- годишна прилепчанка дека во нејзиниот дом во Прилеп, додека пријавителката била заедно со нејзината малолетна ќерка, дошол Д.В., по што полово ја вознемирувал, а се обидел и да ја допира пријавителката по телото. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

