Сообраќајка незгода се случила на патот Крушево-Прилеп, каде 26-годишно момче е повредено и е донесено во прилепската болницасо со тешки телесни повреди.
На 12.07.2026, попчаднето во 16:26 часот во ОВР Крушево е пријавено дека на регионалниот пат Крушево- Прилеп, кај место викано „Двојна кривина”, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Т.(61) од с. Житоше, општина Долнени и мотоцикл „хамачи”, без регистарски ознаки, управуван од М.Б.(26) од с.Житоше, општина Долнени.
Момчето со моторот, М.Б. со возило на Итна медицинска помош од Крушево бил пренесен во Градска општа болница ‘Борка Талески“- Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Крушево, информираат од МВР.

