19.9 C
Прилеп
понеделник, 13 јули, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО)Апел за трпеливост и разбирање до остранување на дефектот кај ТППЕ Прилеп

Екипи на Дирекцијата за заштита и спасување, на ЈКП Водовод и канализација Прилеп, од ТППЕ Прилеп работат на лоцирање и отстранување на големиот дефект на водоводната линија на улица Леце Котески кој што беше причина за поплавување на дворот на ТППЕ Прилеп, а без вода е дел од населбите кои гравитираат на потегот за снабдување со вода од линијата кај прилепската противжарна единица.Дефектот настанал во 5 часот утринава, велат од ЈКП Водовод и канализација. Освен поплавениот двор на ТППЕ Прилеп, сите материјално технички средства се на располагање за непречено функционирање доколку има повик за интервенција на терен.

„Во првата фаза направивме запирање на водата на еден опфат, меѓутоа имаше потреба за проширување на опфатот од запирање на вода се’ до отстранување на дефектот јас не би сакала да шпекулирам дека тоа ќе настани за час, два, можеби и во текот на утрешниот ден,“ рече Катерина Димоска од ЈКП Водовод и канализација Прилеп.  

Градоначалникот  Дејан Проданоски, од ЈКП Водовод и Дирекцијата за заштита и спасување апелираат на трпеливост и разбирање од граѓаните до остранување на дефектот бидејќи има ризик по безбедноста на екипите вклучени во санацијата.

„Од пријавата во раните утрински часови за настанат дефект вклучени се екипи од ЈКП Водовод, од ТППЕ Прилеп, од Дирекцијата за заштита и спасување за отстранување на проблемот. Би упатил еден апел за разбирање до граѓаните кои што живеат во населбите кои живеат во непосредна близина на ТППЕ Прилеп, веднаш што ќе се заврши со отстранување на дефектот дека ќе добијат нормално водоснабдување. Се извинувам на сите за настаниот прекин во водоснабдувањето, но мрежата е таа и се работи активно во остранување на дефектот, рече градоначалникот Проданоски.

Санацијата на дефектот се изведува повеќе часови, а има и резици по безбедноста на екипите:

„Се работи на испумпување на водата каде што е дефектот. Поставената пумпа испумпува околу 1800 литри во минута, а претпоставката е дека има проток од 1500 литри во минута за да се намали количеството на вода и да може точно да се утврди каде е дефектот. Во непосредна близина каде што се цевките врват и кабли од електрични инсталации и при копањето со градежната машина тие кабли се утврдени и мораме да внимаваме за да не дојди до несакани последици, да не дојде до струен удар. Мора внимателно да се работи, точно да се лоцира местото за да може да се заврши работата безбедно и во интерес на сите,“ вели Јован Аврамоски од Дирекцијата за заштита и спасување.   

Би можело да ве интересира

ЈКП Комуналец: заостанатите долгови граѓаните да ги отплаќаат на рати, без дополнителни трошоци

Пакети со храна за 40 семејства

💜Хуманитарен концерт „Заедно за нов живот“ 💜 за поддршка на предвремено родените деца

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе